0 коментари 1 мин. читање

Нов фишинг напад под маска на Македонска Пошта

Преостануваат уште десетина дена од оваа динамична 2024-та година, но тоа не значи дека онлајн измамниците почнале со пред-новогодишните прослави.

Овој пат, повторно под маска на Македонската Пошта, напаѓачите се обидуваат да извлечат податоци од потенцијалните жртви.

Шемата на оваа измама е прилично иста како и на случаите кои ги имаме видено до сега. Односно, измамата започнува преку SMS порака со текст и линк, кој што потоа ја носи жртвата на веб-страница.

Credits: LinkedIn: Bozidar Spirovski

Веб-страницата е прилично едноставна и меѓу другото има и форма за внесување сензитивни податоци. Целта е добро позната, да се извлечат лични податоци и податоци од платежна картичка на жртвата.

Credits: LinkedIn: Bozidar Spirovski
Credits: LinkedIn: Bozidar Spirovski

Покрај извлекувањето на податоци од корисникот, можно е да се наплати и одреден износ на финансиски средства, како што беше случај во претходните измами од ваков тип.

Доменот на оваа веб-страница е регистриран пред само неколку дена. Покрај ова, не постојат никакви услови за валидрање на податоците кои што се внесуваат во формата, ова е само уште еден доказ дека оваа шема е направена за многу кратко време.

Дополнително, оваа веб-страница филтрира само IP адреси од Македонија, што покажува дека оваа измамата е точно наменета за Македонија.

Напишано од

Љубомир Давитков е автор соработник на IT.mk, софтверски инженер, а во слободно време пишува tech блогови и вежба карате.

Мени
Заедница
Изглед
To top