5 коментари 2 мин. читање

iPhone 6 пристигна во Македонија; iPhone 6 Plus можеби е прескап

Vip е првиот од трите оператори коj објави на својот сајт дека го продаваат новиот 4,7 инчниот iPhone 6. Ledikom пак е првата продавница за телефони кои го најави истиот телефон. Но, поголемиот iPhone 6 Plus се уште не е достапен.

И двете продавници го претставија само 16 GB модел можеби бидејќи цената во моментот за новиот iPhone 6 e огромна, над 52.000 денари зависно од моделот. Истата цена ја очекуваме и да биде кај One и T-Mobile кои наскоро ќе го донесат овој модел на Apple, и претпоставувам дека и тие најмногу ќе се фокусираат на моделот од 16 GB и само на iPhone 6. Поголемиот телефон и моделите со поголем простор би надминувале над 1.000 евра што е апсурдно за македонските корисниците да платат за телефон. Од друга страна, телефоните на Apple се одлично изработени па цената на претходниот iPhone 5S се уште е околу 40.000 денари.

Цените нa iPhone во Македонија и регионот за жал се превисоки. Но, ако сте во можност, тогаш најпаметно е да го купите од САД бидејќи цената ќе биде околу 500 евра, а не астрономски 800 евра. Можеби ќе изгубите на гаранцијата, но ќе ви останат пари за уште еден телефон. Доколку тоа не е алтернатива, а навистина сакате iPhone, тогаш би кажале само дека iPhone 5S се уште е еден од подобрите телефони на пазарот, зад само iPhone 6.

[youtube]IB679FPpx1o[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

5 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top