0 коментари 1 мин. читање 16 април, 2024

DeskSpacing ви дозволува да ја осмислите и создадете вашата идеална канцеларија

Порано или подоцна, доаѓа време кога нема да бидеме задоволни од начинот на кој е организирано нашето биро. Пред да почнете да поместувате работи само за да видите дека не функционираат онака како што сте првично мислеле, проверете ги можностите на веб сајтот DeskSpacing.

Се работи за веб сајт преку кој можете да го осмислите вашиот работен простор преку виртуелно експериментирање со најразлични дизајни и стилови. 3D апликацијата ви дозволува да одберете најразлични работни маси, а потоа да одбирате и поставувате најразлични монитори, тастатури, (подлоги за) глувчиња, звучници (и друга аудио опрема), како и лаптопи, десктоп куќишта, столици и дополнителни работи.

Сите елементи може да се менуваат и поставуваат на најразлични места во работниот простор, а лесно можете и да го сочувате, односно споделите сработеното. 

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top