5 коментари 1 мин. читање

Персонализирајте си го Google

За да си ја персоналиризате почетната страна на прелистувачот со своја ќе треба да бидете логирани на Google профил и да кликнете долу-лево на Google, на копчето “Add background image”. Потоа одберете си фотографија. Можете да одберете некоја зададена слика или да вметнете своја слика од вашиот компјутер. Ако не ви се допаѓа сликата, кликнете на “Remove background Image” и ставете си нова. Треба да се напомене дека сликата треба да биде минимум со димензии 800×600 пиксели. Исто така оваа опција за персонализирање се уште не е достапна за Google.mk страната.

Можеби некои од вас, ќе приметат дека со ова Google заличува на Bing. Но Google се малку попаметни бидејќи со персонализирана страна, ќе имаме мотив повеќе да го користиме пребарувачот.

(сликата која ја искористив за позадина е на DynamicMK)

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

5 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top