0 коментари 1 мин. читање

На 12-годишно момче му вградија 3Д-испринтан пршлен

Треттата универзитетската болница во Пекинг е првата медицинска установа која успешно изврши хируршки зафат со кој на 12 годишно момче му е вграден 3Д-отпечатен пршлен. Операцијата беше неизбежна откако му беше дијагностициран тумор на ‘рбетниот столб. Лекарскиот тим мораше да му го отстрани вториот пршлен, а на неговото место е вграден имплант креиран со 3Д-печатење, јави Forbes.

Предноста на вака креираниот пршлен е што е речиси идентична копија на пршленот кој треба да го замени, па поради ова многу подобро се спојува со остатокот од ‘рбетниот столб, а и процесот на заздравување ќе биде покус. Поради ова не само што побрзо ќе се спои со ‘рбетниот столб, туку се избегнува користење на штрафови и држачи кои ќе го фиксираат. За крерање на пршленот не се користеа традиционалните пластични материјали туку е направен од титаниумски прав, во кој се оставени дупчиња во кој ќе пораснат коските и ќе се спои со остатокот на ‘рбетниот столб.

„Иако веројатноста е мала можно е при долготраен притисок на телото, традиционалните импланти да се забијат или да се изместат од коските. Вакви проблеми нема да има со 3Д-отпечатените импланти“, вели Лиу Жонгјун од Универзитетската болница во Пекинг.

Користењето на 3Д-отпечатоци во медицината е ново, но веќе покажува значителни резултати. Неодамна Стивен Пауер од Кардиф доби ново лице благодарение на 3Д-отпечатоците.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top