Uber претстави свое API за девелоперите кои сакаат да вметнат повикување на Uber-возилo во својата апликација. API-то е достапн за сите кои се заинтересирани, индивидуални девелопери и компании, и веќе е имплементирано во апликциите на : Tempo, Starbucks, United Airlines, TripАdvisor и OpenTable.
Сепак Uber, сервис кој е своевиден приватен возач, нема да дозволи директно повикување на возило од трети апликации надвор од нивните поголеми партнери, но ќе може да се префрлат адресата и времето за кога е потребно возилото директно во Uber апликацијата. Поголемите партнери ќе можат директно од апликацијата да повикуваат возило за кога имаат договорена вечера во TripAdvisor или да повикаат возило кое ќе ги однесе до аеродромот кога треба да патуваат со United Airlines, но и да ги однесе до нивната дестинација по слетувањето. Компанијата сега ги нуди своите возила во 150 градови и речиси 50 држави низ целиот свет, изјави Емил Мајкл од Uber за TechCrunch.
[youtube]eelRpoFbht0[/youtube]