6 коментари 1 мин. читање

Киднапирање на табови, нов вид фишинг измама

Но постои и нов вид на фишинг напад, кој ви го лажира табот. Аза Раскин на својот блог демонстрира како функционира новата измама. Пример, отворете го сајтот на Аза, почекајте неколку секунди и тој таб ќе се претвори во Gmail сајт, кој изгледа перфектно како и оригиналот. (примерот на Аза работи само на Firefox)

„Овој напад е опасен бидејќи не очекувате табот да се смени зад вашиот грб. Секако дека УРЛ-то е различно, но тоа што е страшно е што бидејќи знам дека табот постои, имам неколку Gmail табови отворено, така да јас нема да гледам во УРЛ-то.“ вели Аза додавајќи дека „злото“ може лесно да се искористи ако се ископа корисничката историја на посетените сајтови, пример користејќи CSS history miner.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

6 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top