0 коментари 1 мин. читање

Добијте препорака за книга според вашето расположение со Whichbook

WhichBook е веб сајт кој ви помага да откриете што да читате според вашето моментно расположение.

Со посетување на сајтот имате на располагање Mood & Emotion Search – алатка со десетици лизгачи. Секој лизгач прикажува две спротивни емоции, состојби, или сценарија. Па така, првиот лизгач ви дозволува да наместите дали сакате да читате среќна или тажна книга. Движејќи се низ другите лизгачи, можете да одверете дали вашата следна книга биде со теми на насилство или со оптимистички погледи, дали да биде долга или кратка, и слично.

Како си играте со лизгачите од левата страна, така се менуваат книгите од десната, во зависност од избраните теми. Штом кликнете на некоја книга, можете да добиете повеќе податоци за истата, како и дополнителна листа од слични книги.

Слично со горе-споменатата алатка, до вашата следна омилена книга можете да дојдете со пронаоѓање книги во зависност од регионот, според ликови и заплети, или да истражувате бестселери.

Независно од тоа, едно е сигурно: шансите да најдете нешто интересно и само за вас се исклучително високи.

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Мени
Заедница
Изглед
To top