Тешко е да се поверува дека Guild Wars 2 наскоро ќе поли цели 10 години. До ден денес, светот во Тириа е полн со играчи, а, според најновиот финансиски извештај, заработката во играта и понатаму е за пофалба. По три чистокрвни експанзии и тони дополнителни епизоди, ММО играта се чини дека е конечно спремна да се појави и на Steam.
23 август бележи точно 10 години од постоењето на Guild Wars 2, а тоа е и датумот кога играта ќе се појави на Steam. Основната Guild Wars 2 ќе биде бесплатна, но со одредени ограничувања, додека експанзиите и додатоците ќе се продаваат по засебна цена. Целосната колекција со сите три експанзии и сите сезонски епизоди од нивниот Living World ќе чини 100 евра. Да, изгледа многу пари, но верувајте дека се работи за исклучително квалитетни содржини со стотици и стотици часови играње сами или во група. Играта е исклучително флексибилна и крие бројни активности кои се прилагодуваат на она што сакате да го работите.

Паралелно со ова, првата недела од излегувањето на играта на Steam, ќе бидат овозможени и Twitch Drops и со гледање на стримови поврзани со играта, ќе можете да добиете најразлични награди, како костим, пијалоци, бустери и слично.







