Македонската видеоигра Paint the Thing прогласена за најдобра игра од Европа на финалето на Game Jam Plus

во ИТ.МК

По 9 месеци надградување, доправање, акцелерација, македонската игра Paint the Thing го „завршува својот пат“. Играта направена од Марио Павлески и Виктор Попов е одбрана за најдобра видеоигра од Европа и со ова е една од најуспешните игри на годинешниот GameJam+.

Финалето на Game Jam Plus се одржа во Рио де Жанеиро, а Марио и Виктор беа присутни на доделувањето на наградите во живо.

Paint the Thing беше најдобра видеоигра на хакатонот во Македонија. Потоа успешно го помина и европското полуфинале, а играта и нејзините креатори успешно се претставија и на големото финале. Paint the Thing на финалето отпатува како победник од Европа, а беа и едни од најдобро рангираните според бројот на бодови на светско ниво.

https://www.facebook.com/MAGDA.Macedonia/posts/pfbid0E4MJg8ynPhzjWBRgMURGz34nN9G432DN2JJFreTVTyH1NYLU6fAHUfUiPYYeepsvl

Покрај Paint the Thing на финалето беа одбрани и останатите победници. За најдобра игра е прогласена Meet Me On the Mountain од Филипини, ова е и најдобрата видеоигра од Азија. Најдобра игра од Јужна Америка е Eldritch Inc од Боливија; Verdant од Етиопија е најдобра игра од Африка.

Itsy Bitsy Spider and Friends од Бразил е најдобра едукативна игра и најдобра игра за паметни телефони. И најдобрата игра за PC, Ink Spell доаѓа од Бразил. За игра со најдобра приказна е одбрана Strokes of the Past од Костарика. Останатите награди може да ги погледнете во видеото…

Paint the Thing

Paint the Thing е „casual“ видеоигра за паметни телефони. Играчот треба да собира боја, да ги избегнува различните опасности и пречки, и да ја избои сликата на екранот.

Играта му овозможува на играчот да може да се забавува повеќепати. Може да се заврши релативно брзо, а потоа предизвикот е да се направи подобар резултат и да се подобри сопствениот рекорд. Бидејќи е куса, може набрзина да преиграте неколку партии и да се заразите. Формите кои треба да се обојат се различни. Препреките се различни, дел се подвижни, а дел се појавуваат и исчезнуваат. Во текот на играњето колку ни е подобар „скорот“ толку играта станува потешка.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk