0 коментари 1 мин. читање

Е-спортот доаѓа и на ТВ! ESPN ќе гo пренесува DotA 2 International

Уште еден дополнителен доказ дека е-спортот е спорт доаѓа од Valve, компанијата ја објави соработката со ESPN за пренос на DotA 2 International турнирот. Преносот покрај натпреварите ќе вклучи и преглед пред финалниот натпревар.

„Од успехот на Compendium до соработката со ESPN, оваа година International навистина демострира колку компетитивното играње порасна, па дури е и ривал на традиционалниот спорт. Веруваме дека тимовите се подобри од било кога досега и ќе ги покажат неворојатните достигнувања на овој турнир, кој започна пред три години“, вели Ерик Џонсон од Valve.

Годинава благодарение на Compendium наградниот фонд на DotA 2 International ќе надмине 10 милиони долари. Љубителите ќе можат натпреварот да го гледаат и на стрим, но сепак најинтересно е гледањето во друштво па ако се во Скопје тогаш посетете го Драмски Кафе Бар.

[youtube]krHujKemMXs[/youtube]

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top