0 коментари 2 мин. читање 3 јули, 2014

Заедницата го притисна IeSF: Гејмерките се рамноправни со машките играчи

Интернационалната е-Спорт Федерација IeSF се одлучи турнирот во Баку, Азербејџан, да гo подели на машки и женски дел, и тоа без можност за некаков комбиниран натпревар. На вака смислениот турнир мажите би се натпреварувале во DoTA 2, StarCraft 2, Hearthstone и Ultra Street Fighter IV, а девојките во StarCraft 2 и Tekken Tag Tournament 2.

Оваа одлука секако дека не помина незабележано од гејминг заедницата. Дискусијата започна на Reddit за еден од квалификациските турнири кои треба да се одржи во Финска, а се прели и на друштвените медиуми. Поради притисокот од играчите и фановите на гејмингот, IeSF мораше да објасни првин дека ги дели натпреварите заради популаризација на е-Спортот кај девојките. Според првичното објаснување „Одлуката да ги поделиме натпреварите на машки и женски е направена во согласност со меѓународните спортски правила, како дел од напорите да се промовира е-Спортот како легитимен спорт“.

Но, гејмингот не е спорт како и другите, па за среќа IeSF ја послуша гејминг заеднициата и ја промени својата одлука. Од сега натпреварите ќе се одржуваат во две категории, првата категорија ќе биде „отворена за сите“; а во втората група ќе можат да учествуваат единствено девојки. Ексклузивни видеоигри во кои ќе се натпреваруваат девојки се најавени за Starcraft 2 и Tekken Tag Tournament 2.

„IeSF ја послуша гејминг јавноста и го разгледа нивното мислење. Откако ги слушнавме нивните размислувања, организиравме итна седница на IeSF“, еве ја одлуката од оваа средба: „… IeSF натпреварот ќе има две категории -натпревари отворени за сите- и натпревари наменети единствено за девојките. Најавите кои беа најавени како машки сега ќе бидат отворени за сите,а натпреаврите за девојките остануваат како што се“.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top