Телефоните во Германија ќе мора да траат барем 7 години

во ИТ.ЕУ

Германските законодавци работат на законско решение кое ќе ги обврзе производителите на паметни телефони и таблет компјутери на поддршка од 7 години. Во овој период уредите ќе мора да добиваат надградби и безбедносни закрпи. Дополнително ќе мора да бидат достапни и резервни делови по разумни цени.

Во слична насока е размислувањата и во Европската комисија, која заговара минимум од 5 години надградби и резервни делови за уредите. Но во преговорите со Комисијата, Германската влада заговара продолжување на овој период, пренесува порталот Heise (текстот е на германски јазик).

Од друга страна DigitalEurope, група чии членови се Samsung, Apple и Google се залага за три години поддршка за уредите. Ова секако и не е никакво изненадување со оглед на тоа дека почесто менување на телефони, за овие компании значи и поголема заработка.

Кусите гаранции и поддршка, можеби и беа издржани во минатото кога паметните телефони со секој следен уред беа значително помоќни. Во овој период хардверот за телефонот повеќе не би требало да претставува пречка за надградбите на оперативните системи, па кусите периоди на поддршка би требало да се продолжат.

Во Европа официјално предлогот за продолжување на циклусот на надградби треба да стапи на сила во 2023. Услов за ова секако е ако производителите на телефони не успеат да излобираат покус период.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk