Две македонски апликации за полесно снаоѓање во разговорни ситуации во англиски и германски говорни подрачја

во Вести

Кога се патува во земји каде слабо владеете одреден јазик, се препорачува носење прирачници со најчесто користени фрази. Но, наместо книга, зошто прирачникот да не биде во електронска форма и тоа како апликација до која пристапувате директно од вашиот телефон?


Живко Герасимов, информатичарот кој стои зад корисната апликација за учење германски, Deutsch Hören und Lesen, мора да размислувал на оваа прашање, затоа што веќе има понудено вакви апликации за две различни говорни подрачја.

Moj Germanski Asistent и Moj Angliski Asistent се залагаат да бидат вашите неопходни придружници при патување во региони каде се зборува германски, односно аглиски јазик. Преку чистиот интерфејс добивате пристап до над 3000 најчесто користени фрази и термини кои се уредно подредени низ 12 главни категории кои, дополнително, се делат на над 120 подкатегории.

За секоја фраза или термин добивате превод, но и одличен изговор на мајчин јазик, со што, доколку сеуште не се чувствувате сигурни во вашиот изговор, можете да одберете некое прашање и истото да биде прочитано од самата апликација. За поголема ефикасност и полесен пристап, можете најчесто користените фрази и термини да ги ставите како ваши омилени, а во кој било момент можете да пребарувате низ целиот арсенал од изрази.

Во поглед на функционалноста, и двете апликации се идентични една на друга и иако содржат огласи, имате целосен пристап до сите содржини. Вреди да се спомене и дека не мора да имате пристап до интернет за да дојдете до саканата фраза.

Дел од категориите кои ќе ги сретнете низ апликациите се:

• Конверзација (Поздрави, Запознавање, Прашања,…)
• Корисни алатки (Време, Денови, Месеци…)
• Гости (Покана, Посета, Семејство…)
• Патување (Со автомобил, Со воз, Со авион…)
• Хотел (резервација, Рецепција, Сместување…)
• Ресторант (На маса, Мани, Јадење…)
• Услуги (Банка, Пошта, Телефон)
• Продавници (Супермаркет, Аптека, Дрогерија…)
• Здравје (На лекар, Кај стоматолог, Кај очен лекар…)
• Култура (Театар, Музика, Кино…)
• Активности (Фудбал, Тенис, Пливање…)
• Работа (Барање работа)

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk