1 коментар 1 мин. читање

Adobe ја разгорува Flash дискусијата со „Го сакаме Apple" реклами

Кампањата, чии реклами се појавија на многу светски веб медиуми, е контра-удар на неодамнешното писмо на Стив Џобс во кое директорот на Apple зборуваше како Flash е затворен систем полн со проблеми, додавајќи дека HTML5 е иднината.

Сега Adobe вели дека Apple e затворен систем бидејќи не дозволува креирање на апликации за iPhone OS со Flash софтверот.

„Ниту една компанија – колку и да е голема и креативна – не смее да диктира што треба да се креира, како да се креира и што може да се искуси на интернет. Кога пазарот е отворен, секој со добра идеја има шанса да ја поттикне иновативноста и да најде нови корисници.“ велат Чак Гешки и Џон Варнок, основачите на Adobe.

Аdobe објави и страна со статистика за користеноста на Flash и објаснување за способностите на софтверот како одговор на Стив Џобсовото писмо.

>

Од бројките се гледа дека Adobe има поента дека нивниот софтвер е потребен, бидејќи 85 отсто од веб сајтовите имаат Flash, а 75% од видеото на интернет се гледа преку Flash. Но… Adobe не пишува дека видео сервисите на чело со YouTube и Vimeo, како и прелистувачите Firefox, Chrome, Safari, Opera сите започнаа да ги поддржуваат HTML5 и H.264 видео форматите.

Дополнително за читање: Wired има одлична споредба меѓу интересите на Adobe и Applе.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top