Српските корисници во наредниве два месеци ќе можат да гласаат за наставките на кириличните домени. Гласањето за наставката, .срб, .ср, .србија или .рсб е последната пречка за Србија да добие кирилични домени. Работната група на српското ИТ министерство формирано во февруари успешно ги спроведе законите за кирилични домени, ги анализирале предлозите и доби согласност до ICANN и сега следува гласањето, а потоа ќе следи донесување на правилник за регистрација на домени, пренесува PersonalMagazin.
Што се однесува до македонските кирилични домени, ќе треба да почекаме. Имено МАРНет, агенцијата за издавање .mk домени, која моментално е под Универзитетот „Кирил и Методиј“ треба да биде превземена од Министерството за информатичко општество.
Во декември МАРНет рече дека „законот за префрлување на агенцијата е во собраниска процедура“. Но… се чини законите за таа транзиција на МАРНет се заглавена во собраниска процедура бидејќи и по шест месеци добив ист одговор, овојпат од МИО.
„Законот за основање на јавна установа која ќе се вика МАРНет и која ќе ги превземе сите обрски на постоечката МАРНет која функционира под УКИМ е се уште во собраниска процедура и се очекува наскоро да биде изгласана. Со формирање на новата установа ќе започне и реализација на регистрирањето на кириличните .мк домени.“, вели Сашо Димитријоски од Министерството за Информатичко општество.
ICCAAN ги одобри не-латиничните, интернационалните домени во октомври минатата година, а првите кирилични домени ги воведе Русија на 13 мај 2010 година.
Коментари
4 коментари
Коментарите се затворени.