Google објави дека за подобар изглед на Google Glass започнуваат со соработка со белгиската модна дизајнерка, Дајан вон Фурсенберг. Целта на соработката е да се најде нов облик на рамките на Google Glass, но и нови стакла кои ќе бидат достапни до крајот на јуни, вели Google. Станува збор за пет нови рамки и 8 стакла кои ќе овозможат нови комбинации за корисниците. Покрај во официјалната продавница, овие додатоци за Google Glass ќе бидат достапни и преку Net-A-Porter.com. Со почетокот на оваа соработка на MrPorter.com ќе започнат да се продаваат и Glass TItanium очилата. Според официјалните извори на DVF новата колекција е наменета за девојките/дамите, а пристигаат на 23 јуни.
Заедница
Изглед


