Кога Apple го презентираше iOS 8 на WWDC, јасно беше од старт дека во новата верзија на оперативниот систем инкорпорираше добар дел опции се инспирирани од опции кои подолго време им се достапни на корисниците на Android.
Тастатура која нуди сугестии е присутна на Android уште од Android 1.5, a на iOS доаѓа дури сега,вели Ars Technica во својата листа на промени во iOS кои се позајмени од Android. Малата разлика е што тастурата која доаѓа со iOS 8 ќе нуди попаметни избори и тоа покрај пронаоѓање на вистинските зборови, ќе има вградена функционалност да препознае со кого зборувате, па така ќе имате различна препорака доколку зборувате со родителите, пријателите, децата, шефот или девојката. Заедно со оваа најава дојде и најавата дека Apple ќе им дозволи на девелоперите да крираат и да интегрираат различни тастатури во iOS. Прв ќе има можност на iOS да се докаже Swipe кои веќе беа презентирани на iOS.
Добродојдена е и веста дека новата верзија на iOS ќе овозможи комуникација помеѓу апликациите. За соделување фотографија повеќе нема да треба да снимите слика, да го отворите Google+ па дури потоа да ја споделите на Googlе+. Отсега ова ќе биде скусено единствено на „Share on Google+“. Друга промена која е инспирирана од Google е промената на Siri. Новата верзија на iOS доаѓа со промена со која Siri сега слично како Google Now може да се користи без да го држите телефонот во раце со користење на фразата „Hey Siri“. Потоа тука е и интеграцијта на Shazam, па сега Siri може да пребарува музика како Google Now, па дури и Bing кој има пребарување на музика иако квалитетот е далеку од Shazam.
Како во Android 4.1 и во новиот iOS корисниците ќе имаат можност за интеракција со нотификациите, кои ќе се претстават како виџети. На пример ос iOS 8 корисникот директно во нотификацијата ќе може да искуца порака и да ја испрати како одговор. Дополнително опцијата за споделување на фотографии на сите уреди отпоодамна е достапна на Android, односно на Google+ Photos. Оваа опција наскоро доаѓа и на iOS.
Една од промените која мораше да биде присутна досега е можноста корисникот да види колку батерија трошат поединечните апликации и функциите на телефонот. Ова ќе овозможи планирање и гаснење на некои од апликациите доколку е потребно.
Коментари
7 коментари
Коментарите се затворени.