0 коментари 1 мин. читање

Сите пораки од различни платформи на едно место со Silentale

Сервисот служи за прикажување на најновите пораки. Наликува на имејл сервис, но пораките доаѓаат од друштвените мрежи и другите сервиси што го прави поинтересен од имејл, и пофункционален бидејќи не морате да се логирате на различни платформи да проверите пораки. Silentale има и пребарувач за пораките. Одлично е што сервисот ги архивира сите пораки од сите сервиси кои потоа можете да ги разгледувате од било каде.

Интересна опција на сервисот е што ако имате еден контакт кој се повторува низ различни сервиси, Silentale ќе го поврзе сите според името.

Silentale сега е во јавна бета така да секој може да се регистрира и да го проба сервисот.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top