0 коментари 1 мин. читање

Kонечно! iOS 8 ќе покажува колку батерија трошат поединечни апликации

iOS 8 изгледа има толку многу новини, што Apple немаше време да ги претстави на сцената на WWDC, иако некои од нив се можеби и најкорисниците. Таква скриена опција е можноста да се води детален преглед на батеријата, односно да се прегледува секоја поединечна апликација колку батерија троши. Опцијата, која ја има на Android веќе подолго време, ќе им помогне на iOS корисниците подобро да ја менаџираат батеријата на iPhone, која често знае да трае само еден ден, што е недоволно. Со преглед на кои апликации најмногу трошат батерија, и дали ви се потребни, ќе може полесно да се одбере кои апликации да ја користат Background Refresh опцијата за автоматско апдејтирање на содржината.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top