0 коментари 1 мин. читање

Quick Circle e заштитна маска на LG G3 преку која може да фотографирате и да пуштате музика

Откако се појавија доволно слики и податоци за LG G3 за да дознаеме се за телефонот дури и без официјална најава, LG излезе со официјална најава за додатоци на телефонот. Прв на листата е Quick Circle, заштитна маска за телефонот која изледа одлично и, кога е поклопена, има кориснички интерфејс кој потсетува на Android Wear или барем на паметен часовник.

Quick Circle доаѓа со проѕирен круг во горниот дел на маската во кој се овозможени неколку функции. Со затворен поклопец корисниците можат да фотографираат, да пуштат музика, да проверат кој ги бара на телефон, да ги проверат листата на повици и пропуштени повици, текст пораките, па дури и апликациите за фитнес. Телефонот доаѓа со 5.5-инчен екран, но со оглед на тоа колку добро LG ги сместил апликациите во кружниот екран, можеби сакаат да најават дека по G-Watch, ќе изработат и кружен часовник. Официјалното претставување на LG G3 е на 27 мај кога ќе дознаеме повеќе податоци за телефонот.

[youtube]AVtZAPjOcBI[/youtube]

[youtube]83Xm26Zvo18[/youtube]

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top