1 коментар 1 мин. читање

До полесно вработување со DobraRabota.mk

„Порталот решивме да го отвориме бидејќи при последното барање на човек за работа се зачудив од лошиот квалитет на ваквиот тип сајтови. Почнавме со ентузијазам и се трудиме да бидеме подобри од конкуренцијата.“ вели тој.

Сајтот покрај бесплатните огласи или бесплатното закачување резиме, нуди и услуги за пари како помош при креирање на резиме, писмо со намера, подготовки за интервју и усовршување. Што се однесува до работодавците, тие можат бесплатно да ги пребаруваат резимеата и да објавуваат огласи, но за тие со лого се плаќа.

Сајтот, кој се уште е во тест фаза, е интересна идеја бидејќи интернетот нуди можност да полесно да се пребарува за работа или работник. Но… македонските корисници се деликатна маса. Поголемиот дел се уште не им веруваат на веб сервисите, дел од незнаење, дел од страв, а често разновидните .mk сервиси функционираат само кога се бесплатни.

Ќе биде интересно да се види дали ќе успее планот да се нудат услуги за пари на таргетирана групи на корисници. Како dobrarabota.mk ќе привлече корисници иако на својот сајт нема ниту една информација кои се тие што ги нудат услугите?

Прашање до вас – дали би платиле за веб услуга? И зошто да/не?

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top