Samsung го најави новиот Galaxy Tab S, првиот таблет компјутер кој ќе доаѓа со WQXGA (2560х1600) AMOLED дисплеј, јавува Sammobile. Изгледа дека во компанијата се презадоволни од сензорот за отчитување на отпечатоци, па одлучија да го додадат и на таблет компјутерот, а новитет е поддршката за повеќе корисници кои ќе бидат препознаени според отпечатокот на прстот.
Galaxy Tab S доаѓа во две големини 8,4 и 10,5 инчи со Android 4.4.2 оперативен систем. Таблетот доаѓа со Octa-core Exynos 5 (5420) SoC и big.LITTLE технологијата на ARM; четири 1.9GHz Cortex-A15 јадра и четири 1.3GHz Cortex-A7 јадра, 6-јадрен ARM Mali-T628 GPU со работна фрекфенција од 533MHz, 3GB RAM меморија, 8 мегапиксели (или 3264×2448) задна камера и 2,1 мегапиксели (1920×1080) предна камера.
Што се однесува до изгледот таблетот наликува на Galaxy Tab 4, но со потенки рабови за полесно држење во рака. Таблетот ќе доаѓа во две варијанти кога се боите во прашање бела и сива. Апликациите вообичаено доаѓаат од Google Play и Samsung Apps, со тоа што за овој таблет со отпечаток на прст ќе се отклучуваат и PayPal Payments, Private Folder и Samsung Apps. Samsung планира да издаде 6 верзии на таблетот: Wi-Fi, LTE и 3G за 8.4 и 10.5-инчниот таблет, но во последен миг се откажале од 3G верзијата. На Antutu и CPU-Z бенчмарк тестовите таблетот освои 35.268 поени.
Коментари
5 коментари
Коментарите се затворени.