Од денес новиот дизајн е официјален и ќе започне полека да се имплементира за секој корисник ширум интернетот и ќе биде достапен во 37 јазици, а наскоро ќе се појави и мобилната верзија.
На прв поглед, едноставниот Google-ов дизајн сега има повеќе бои. Една од поголемите промени е сега-истакнатиот мени-барот на лево во кој се имлементирани Universal Search, кој сугерира порелевантни резултати, Search Options Panel нуди алатки за поспецифично пребарување, и Google Squared кој прикажува слични теми на пребаруваниот термин.
Втората голема промена е секое пребарување ќе биде препратено со специфични промени на левиот бар. Пример, ако пребарувате слики од нешто, лево во менито ќе има специфични опции, како големина на сликата. Или ако пребарувате термин и одберете лево вести, тогаш ќе се појават опции кои за времето кога е објавена веста.
Нов дизајн доби и логото на Google, кое веќе ја нема сенката, туку е комплетно 2D.
Коментари
6 коментари
Коментарите се затворени.