0 коментари 1 мин. читање 9 април, 2014

Comic Sans, најомразениот фонт во светот, доби Neue редизајн

Освен за малите деца на кои им изгледа интересно да пишуваат со комични букви, направени за Bob оперативниот систем на Microsoft, Comic Sans со години го носи приматот на најомразениот фонт помеѓу сериозните дизајнери. Но, тоа сега може да се смени. Австралискиот графички дизајнер Крег Розински објави нов редизај наречен Comic Neue кој можеби ќе ви се допадне бидејќи сега фонтот е „доведен во форма со искреноста на Comic Sanse што го направи толку популарен“.

 

Новиот фонт Comic Neuе e бесплатен за симнување за ограничено време, иако г. Розински вели дека не е сигурен дали сака да го продава фонтот кој би требало да биде „секојдневен фонт за сите, дури и за тие што се експерти во типографија“.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top