Играње видео игри на iPad е направено благодарение на Gaikai сервисот кој овозможува да играте игри преку прелистувач. Сервисот ја хостира играта на својот сервер и потоа ви го стрима гејминг искуството на вашиот компјутер (cloud computing). Играта е во супериорна графика, а на гејмерите им е потребна само добра интернет конекција да се поврзат со серверот на Gaikai.
„Навистина сме заинтересирани што работи добро со стримање и ги пробуваме скоро сите жанрови на игри, на сите можни уреди за да го истражиме сервер-базираното процесирање.“ вели Дејвид Пари од Gaikai кој го објави скриншотот.
Моментално Gaikai е во бета, се уште се изработува и не се знае како би функционирал сервисот, дали би имало прекини во конекцијата итн. кога, пример 12-те милиони WoW играчи, ќе се вклучат на играта.
Но… Gaikai, и сличните сервиси како OnLive, решаваат многу проблеми одеднаш. За корисниците е поевтин и поквалитетен начин до играта, за компаниите е систем отпорен на пиратеријата.
Од друга страна играњето игри на таблет PC-јата со допир може да ја разбуди креативноста на девелоперите на видео игрите.
Коментари
5 коментари
Коментарите се затворени.