Monument Valley е нова игра за iOS од Ustwo Games, во која играчот треба да и помогне на принцезата Ида да го пронајде патот низ прекрасно креираниот свет на оптички илузии и загатки.
„Како слушање на албум или прошетка во музеј за прв пат, Monument Valley е за откривање, перцепција и убавина со значење“, велат од UsTwo Games.
Во текот на играњето играчот ги поместува и врти патеките и објектите, подига платформи или поминува низ врати за да се телепортира од еден до друг дел на мапата сето ова креирајќи оптички илузии по кој се движи Ида. За разлика од поголемиот дел на игри за мобилни платформи кој ве тераат да поминете многу време играјќи Monument Valley трае од 90 до 120 минути. Засега е достапна единствено за iOS и чини 4 долари, а Android верзијата на играта е во изработка.
[youtube]wC1jHHF_Wjo[/youtube]