0 коментари 1 мин. читање

Апликација на денот: Оffice за iPad и Android сега е целосно бесплатна

Заедно со претставување на freеmium Office за iPad, Microsoft објави дека верзиите за iPhone и Android ќе бидат целосно бесплатни. Тоа значи дека нема да ви треба претплата на Office 365 за да прегледувате и едитирате документи преку iPhone или Android телефоните (верзијата за Android таблети е најавена за наскоро). Според Microsoft, одлуката да се тргне претплатата е направена за да се изедначат мобилните верзии со таа за Windows Phone.

Бесплатното користење е наменето само за „домашно користење“, односно бизнисите ќе треба да имаат претплата за Office 365 за да ја користит апликацијата во комерцијални цели. Но, прашањето е како Microsoft ќе контролира кој и за што ја користи апликацијата, кога корисниците ќе ја користат од својот личен телефон.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top