0 коментари 3 мин. читање 25 март, 2014

Facebook за 2 милијарди долари ја купува виртуелната реалност на Oculus Rift

Facebook го купува Oculus VR, компанија за виртуелна реалност основана од 21-годишниот Палмер Лаки, за неверојатни 2 милијарди долари. Ова е трета голема аквизиција на Facebook на помали стартапи, но за неверојатни цени. Во последната година Марк Закерберг потроши околу 900 милиони долари на друштвената мрежа за споделување фотографии, Instagram; рекордни 19 милијарди долари на апликацијата за четување WhatsApp; и сега два милијарди долари на виртуелната реалност на Oculus Rift. Oculus ќе добие 400 милиони во кеш, а останатиот дел од двете милијарди во 23,1 милиони акции на Facebook.

[youtube]1QnXHe_MIx4[/youtube]

Основачот на Facebook, Марк Закерберг, во пост објасни дека друштвената мрежа веќе има стратегија за поголемо пристуство на мобилните уреди, затоа и го купија Instagram и WhatsApp, што им остава простор да разгледуваат и други платформи за да понудат „покорисно, позабавно и лично искуство“.

„Oculus гради технологија за виртуелна реалност, како шлемот Oculus Rift. Кога ќе го ставите на глава, вие влегувате во средина комплетно генерирана од компјутер, како игра или сцена од филм или место далеку од тука. Неверојатната работа околу ова технологија е што ви прави да се чувствувате како да присуствувате на друго место и сте со други луѓе. Луѓето кои ќе го тестираат велат дека е поразлично од се друго што го искусиле во својот живот“, вели г. Закерберг.

Иако Oculus Rift беше креиран пред само две години, во 2012-та, уредот се покажа неверојатно успешен бидејќи најде куп разни примени, од генерирање околина во која секој, дури и постарите можат да уживаат, до користење во игрите, науката, дури и да трансцендирате во друго тело. Уредот се уште е прототип и има многу да се работи за да излезе по продавниците, но засега се покажа како најдобар во промовирањето на виртуелната реалност. Што Facebook ќе прави со Oculus останува тајна, но тоа што е важно за друштвената мрежа е што сега е еквивалентна на поголемите ИТ компании кои имаат свои специјални уреди, како Google што го има Glass.

[youtube]pAC5SeNH8jw[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top