0 коментари 2 мин. читање

Турција сега ја блокира и IP адресата на Twitter и јавниoт DNS сервис на Google

Провајдерите во Турција на барање на властите, започнаa да ја блокират и IP адресата на Twitter. Ова значи дека за обичните корисници заобиколувањето на забраната за пристап на Twitter станува потешко, но не невозможно, ова го покажува и рекордниот број на твитови и постојаната активност на #TwitterisblockedinTurkey.

Пред блокирањето на IP адресата провајдерите во Турција користеа DNS пренасочување, па наместо на Twitter корисниците завршуваа на друга дестинација. Корисниците сепак можат едноставно да користат друг DNS сервер, доколку ги прoменат податоците. Започнувајќи од сабота корисниците не можеа да го користат овој метод, а експертите тврдат дека Twitter во Турција е блокиран на IP-ниво.

Начинот на кој се имплементира забраната покажува дека станува збор за судска забрана која е доставена до провајдерите. Понатаму секој од нив ја имплементирал забраната со сопствено темпо, јавува Washington Post. Сепак дури и вака корисниците можат да стигнат и да ги испратат своите твитови, еден начин е користење на VPN надвор од Турција и пристап до Twitter со прескокнување на блокот, а тука е и Tor кој ќе им овозможи на корисниците да пристапат до Twitter. За останатите корисниците кои не се со доволни технички познавања останува Twitter via SMS. Да биде иронијата поголема бројот на твитови по воведувањето на забраната е пораснат за 138 отсто во изминатите 24 часа, а не помогна ниту забраната на Google DNS серверите 8.8.8.8 и 8.8.4.4. Во изминатите 24 часови се споделени дури 2.5 милиони твитови, јавува The Hacker News.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top