1 коментар 1 мин. читање

YouTube стартуваше онлајн видеотека

Продавницата на YouTube за македонските корисници е празна, но самото тоа што е достапна можеби сугерира дека ќе може да се изнајмуваат филмовите и кај нас. Доколку се средат авторските права, секако. Што се однесува до американската онлајн видеотека, ја разгледав користејќи proxy сервер и се чини ги има сите популарни наслови, како наградениот со Оскар „Precios“, но и познати и култни филмови како „Pi”.

Претходно YouTube направи не-толку-успешен експеримент со филмови од Sundance фестивалот. Сепак за разлика од тогаш кога беа понудени 5 филмови, сега бројот е многу поголем.

Од друга страна, што се однесува до македонските корисници – Дали би платиле за да гледате филм на YouTube? Дали има доволен интернет сообраќај да си дозволите тоа?

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top