0 коментари 2 мин. читање 20 февруари, 2014

Првите Ubuntu телефони кои ќе се појават во 2014-та година ќе бидат од Meizu и BQ Readers

Canonical конечно ќе го презентира повеќе податоци за Ubuntu телефоните на годинешнaта Mobile World Congress во Барселона. Засега е познато дека првите два телефони кои доаѓаат во 2014 година се од кинескиот производител Meizu и шпанскиот производител BQ Readers. Освен ова до 2015 година се најавени два големи производители на телекомуникациска опрема, кои ќе се приклучат на проектот за Linux OS телефони, вели основачот на компанијата Марк Шатлворт во интервју за the Inquirer.

За жал двата производители се релативно непознати и недостапни на поголем дел од пазарите, но доколку успеат да се етаблираат во Кина, Ubuntu паметните телефоните ќе бидат на вистински пат. Следен голем проблем ќе биде обезбедување на апликации за екосистемот и убедување на девелоперите да развиваат за овие паметни телефони. Се чини дека можеби ова нема да биде премногу тешко со оглед на тоа дека 95 отсто од Ubuntu за паметни телефони е ист со десктоп верзијата, а до 2015 година ќе бидат идентични. Веќе се највени партнери за првите апликации помеѓу кои Twitter, The Weather Channel и Evernote. Според првичните процени, Canonical сакаа, барем во почетокот, да се фокусираат на помал пазар и ограничен број на телефони.

Повеќе податоци за Ubuntu паметните телефони ќе дознаеме веќе следната недела, во текот на Mobile World Congress кои започнива викендов.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top