6 коментари 1 мин. читање

Апликација на денот: Flappy Bird е инди игра која го освои App Store и Google Play

Flappy Bird е игра која неочекувано се најде на првото место во App Store, а одлично котира и на Google Play. Играта е дело на компанијата .GEARS зад која се наоѓа самостоен инди-развивач од Виетнам, Нгуен Ха Донг, кој има 3 речиси идентични апликации во Top 10 во AppStore. Игрите на г. Донг се навистина заразни, иако се чини дека нивниот успех лежи во тоа што Flappy Bird e неверојатно тешка игра, па играчите поминуваат многу време со неа обидувајќи се да ја пренесат птицата што е можно подалеку без да удрат во нешто.

„Нашата работа е под огромно влијание на ретро, пикселизираните игри во нивното златно време. Се едноставно, екстремно тешко и неверојатно забавно за играње“, вели г.Донг.

Иако голем дел од аналитичарите се сомневаат во легитимноста на бројките зад овие три игри, г. Донг вели дека нема ресурси за ништо освен аплоад на игрите. Сепак можно е заразеноста со играта да е последица на Twitter, хаштаговите #flappybird и #flappybirdhighscore се неверојатно активни, а се чини дека има вистинска борба за кој ќе напише подобар преглед за играта, пишува Chocolate Lab Apps.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

6 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top