0 коментари 1 мин. читање

8-битна обработка на постери од легендарни филмови и стрипови

Адам Листер е уметник кој е посветен на 8-битна адаптација на легендарни филмови, карактери и стрипови. Со оглед на тоа дека пораснав со визуелниот јазик на Atari и Nintendo видео игрите, засекогаш сум поврзан со минималистичкиот, коцкаст, 8-битен опис на формата, просторот и движењето, вели г. Листер за The Verge. Покрај влијанието на видео игрите и 8-битните слики, г. Листер го истакнува влијанието кое го имаат кубизмот и геометриско апстрактно сликарство врз неговото творештво. Ликовите од Breaking Bad, Star Trek, Batman, The Simpsons и Star Wars се само дел од инспирацијата на г.Листер. Ликовите од овие серии, филмовии стрипови влијаеа на повеќе генерации и на културата, и тоа не само во времето кога беа креирани.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top