Microsoft ќе го промени името на својот облак за складирање od SkyDrive во OneDrive. Компанијата го регистрираше и доменот onedrive.com, а освен промената на името се останато е по старо. Содржините кои корисниците ги имале на SkyDrive, сега ќе бидат префрлени на OneDrive. Промената на името доаѓа откако Британскиот суд одлучи дека Sky е заштитен знак на британскиот радиодифузер British Sky Broadcasting Group, потсетува Verge. Засега нема повеќе детали околу ребрендирањето, но може да го погледнете промотивното видео со кое Microsoft го најави ребрендирањето.
„Промената на името на SkyDrive, продукт кој могумина го сакаа не беше лесен чекор… Возбудени сме поради промените и нестрпливи да споделиме уште информации“, вели Рајан Гавин од Microsoft.
[youtube]e4NsPPUDjyU[/youtube]
Коментари
2 коментари
Коментарите се затворени.