13 коментари 1 мин. читање

Хонг Конг доби 1Gbps интернет за 1100 денари

Ова неверојатна понуда за многу други земји е се уште научна фантастика, но покажува дека брзината на интернетот расте обратно пропоционално од цената на услугата. Тоа може да се забележи и во Македонија, каде пред само 1 година се плаќање 1000 денари за 512kbps интернет ограничен на 2GB, а сега за истата цена добивата 4Mbps и 25 GB лимит.

Секако, смешно е да се споредуваат услугите кои се нудат во Хонк Конг и тука, но ниту една земја/провајдер не може да се пофали со услуга од 1Gbps интернет конекција, а камоли за ефтина цена. Во САД пример Google планира да стартува мрежа со таа брзина, но тоа се уште е експериментална фаза.

Сепак, несомнено е дека еден ден, во блиска иднина ќе можеме да сурфаме на волку брзи интернет бранови, а тогаш наместо гледање лош квалитет кратки видеа на YouTube, ќе може да гледаме високо квалитетна HD 3D холограмска и-кој-знае-каква-друга -телевизија стримана во живо.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

13 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top