0 коментари 2 мин. читање 22 јануари, 2014

Instagram има најбрз раст, а телефоните се омилените уреди за пристап до друштвените мрежи

Facebook, YouTube, Google+ и Twitter сè уште владеат во светот на друштвените мрежи мрежи кога е во прашање бројот на корисници, но кај нив растот стагнирали, или како што велат некои го достигна максимумот. Споредено со нив, помалите друштвени мрежи забележуваат огромен раст, предворедни од најбрзорастечката мрежа во последниве шест месеци, Instagram. Сепак и покрај порастот од 23 отсто Instagram не влезе во првите пет кои остануваат исти како и претходно Facebook, YouTube, Google+, Twitter и Linkedin. Иако се први, Facebook и Youtube всушност бележат пад од 3 отсто во бројот на активни корисници, покажува анализата на GlobalWebIndex. Пад од 3, односно 4 отсто, бележат и руските друштвени мрежи vkontakte и Odnoklassniki. Најголем пад од 12 отсто, очекувано бележи Myspace кој е надвор од игра и покрај ребрендирањето во тинејџерска мрежа за музика.

Кога станува збор за омилен уред за пристапување на друштвените мрежи, паметните телефони се најпопуларни уреди кај 66 отсто од корисниците, а таблет и десктоп компјутерите се изедначени со 64 отсто. Исклучок се микроблоговите како Twitter каде таблет компјутерите „водат“ со 44 отсто, PC е втор со 35 отсто, а телефоните се третти со 29 отсто.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top