Пет работи кои се воведоа со најновата експанзија за The Elder Scrolls Online – Blackwood!

Најновото поглавје во ултра-популарната MMO игра, The Elder Scrolls Online се вика Blackwood и е преполно со новитети и механики кои дополнително влијаат на севкупното искуство во играта. Ова се петте работи кои најмногу нè израдуваа со излегувањето на експанзијата!

  • Целосно нова кампања каде принцот на деструкцијата, Мејрунс Дејгон, открива нови планови за луѓето низ Тамриел и ја започнува нивната мрачна реализација во Блеквуд. Во поглед на кој квестовите се редат нема никакво значително поместување од претходните експанзии. Од она што до сега го искусивме, кампањата знае да биде значително долга и да гледате во дваесетина часа временска инвестиција, особено доколку ја земете втората точка во предвид.
The Elder Scrolls Online Collection: Blackwood CE
  • Огромна територија за истражување низ која се кријат бројни споредни квестови, значајни места за истражување и бројни можности за откривање нова опрема, оружја, и најразлични нацрти. Blackwood се одликува со интересни места, од мочуришта, преку запустени, па сè до планински места.
The Elder Scrolls Online: Blackwood - The Elder Scrolls Online
  • Можност да бидете придружувани од сопатници. Новиот систем кој се воведува со оваа надополнување конечно ви дозволува да бидете придружувани од сопатници кои ве поддржуваат во битките со најразлични офанзивни и дефанзивни вештини. На располагање имате два сопатника, со претпоставка дека повеќе би биле достапни за купување со вистински пари во иднина.
  • Портали кои водат во Обливион. Како се движите низ новата мапа, би можеле да забележите отворање на портали кои, доколку стапите во интеракција со нив, ќе ве одведат во Обливион. Овие портали се како еден вид мини зандани каде вие и другите играчи одите од една точка до друга и убивате се што ќе се осмели да мрдне, само за да се соочите со моќен бос на крајот и да добиете најразлични награди.
Recapping the Blackwood Chapter Preview Event - The Elder Scrolls Online
  • Нов трајал кој ќе ве тестира вас и вашите 11 пријатели во градот Рокгроув. Низ градот ќе биде потребно да се соочите со бројни суштества и правилно да се запознаете со уникатните механики доколку сакате да излезете како победници и добитници на нова опрема и достигнувања.
Expose a Sinister Plot in the Blackwood Prologue - The Elder Scrolls Online

Дали успеавте да ја пробате експанзијата? Што ви се највеќе допаѓа во неа? Дали би сакале заедно да ги здружиме силите? За одговор на овие и многу други прашања, спремно чекаме во одделот со коментарите! :)

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments