0 коментари 1 мин. читање

Google заработува по 6,3 долари од секој интернет корисник, освен Кина

Google заработува просечно 6,30 долари годишно од секој интернет корисник. Во оваа бројка не припаѓаат корисниците од Кина, јавува ТechRepublic. Иако ова не е преголема бројка, мора да се има во предвид дека во моментов има 2,5 милијарди интернет корисници, што го објаснува напорот на Google да ги натера сите корисницида користат Интернет без разлика на оперативните системи. Поради ова е клучна и застапеноста на Android како оперативен систем, врз кој токму тие го имаат клучниот збор. Целта е да ја продолжат доминацијата на Android врз останатите 65 отсто корисници кои сега немаат пристап на Интернет.

Застапеноста на Интернет на секој телефон е побитно од фрагментираностна на Android, проблем кој во последно време компанијата успева да го надмине. Зошто? Затоа што иако апликациите за Android заработуваат само петтина од тие на iOS, Google е посветен на HTML 5, и иако апликациите се важни, во споредба со интернет користењето тие се речиси незабележителни. Па додека корисниците на iOS се подготвени да платат за своите апликации, идејата на Google е дека Интернет е клучната алатка за паметните телефони, а во овој случај компанијата без сомневање ќе дојде до своите 6,30 долари од корисник.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top