0 коментари 1 мин. читање

Кој е подобар? Playstation 4 со хард-диск, SSD или хибриден диск

Playstation 4 ја доби првата рунда со Xbox One и изгледа дека тешко дека може да биде подобра одошто е. Но, само со додавање на SSD диск, конзолата станува значително подобра. Tested направи споредба помеѓу инсталираниот хард-диск, SSD и хибриден хард-диск. SSD е побрз од инсталираниот диск и скусува 5 секунди при стартување и 20 секунди при стартување на игрите, но хубридниот диск се покажа одлично доцнејќи помеѓу 1-3 секунди за значително поприфатлива цена. Со оглед на тоа дека веројатноста дека ќе ви биде потребен поголем диск од 500 GB кој е инсталиран во конзолата е голема, се препорачува да го замените со хибриден хард-диск кој вообичаено е 30-40 долари поскап од стандардната верзија, а разликата во перформансите се чувствува веќе по второто пуштање на содржините.

[youtube]HGjSJwlHK6M[/youtube]

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top