0 коментари 1 мин. читање

Рецензирај ги игрите кои си ги играл со Steam Reviews

Valve ја најави Steam Reviews услугата која ќе овозможи сите членови на зедницата да може да пишуваат рецензии и да ги оценуваат игрите. Услугата веќе им е достапна на сите 65 милиони корисници на Steam, јавува Gamespot.

Покрај рецензија на игрите, корисниците ќе можат да ги оценуваат и прегледите кои ги напишале останатите играчи или да коментираат на нив. Досега главен извор за оцена на игрите на страната на Steam беа Metacritics, но тука спаѓаат и гласови на луѓе кој можеби и не ја погледнале играта. За разлика од ова Steam Review ќе дозволи да напишете рецензија единствено за игри кои сте ги играле, а покрај ова рецензијата ќе го прикажува и времето кое авторот го поминал играјќи.

Рецензиите на игрите и помошта од другите играчи се дел од Steam од 2010 година, а Steam Reviews е еволуција на досегашниот модел. Играчите имаат над 7 милиони препораки за игри и софтвер за нивните пријатели, новиот модел ќе овозможи овие препораки и рецензии да бидат видливи за сите, а не само за пријателите. Покрај ова Valve ќе им овозможи и на развивачите на игри да комуницираат со фановите, а нивните коментари ќе бидат извоени како официјален развивач на играата.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

Мени
Заедница
Изглед
To top