0 коментари 1 мин. читање

Кипарски универзитет е првиот кој прифати школарината да се плаќа во биткоини

Универзитетот Никозија на Кипар е првата образовна институција во светот која ќе им дозволи на студентите својата школарина да ја плаќаат со дигиталната валута биткоин, јавува Geekwire. Универзитетот е најголем приватен универзитет на Кипар и еден од најголемите универзитети на Медитеранот на кој наставата на англиски јазик ја посетуваат повеќе од 5.000 студенти. Студентите кои сакаат да платат со биткони ова можат да го направат преку финансиската служба на универзитетот или преку онлајн сервис.

Идејата зад проектот е далеку поголема, од Кипар да направи своевиден Wall Street на дигиталните валути. „Дигиталната валута е неизбежен технички развој кој ќе води до значителни иновации.“ вели Кристос Влакос од универзитетот. Од пролетта 2014 година на магистерските студии на универзитетот ќе бидат достапни магистерки студии на дигитална валута во онлајн облик, со формат кој ќе им биде достапен на студентите ширум светот.

„Како дел од иницијативата UNic ќе и предложи на Кипарската влада и релевантните чинители да иницираат креирање на рамка која од Кипар ќе направи центар за тргување со биткоини, обработка и банкарство. “

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

Мени
Заедница
Изглед
To top