0 коментари 2 мин. читање 22 ноември, 2013

Samsung треба да плати уште 290 милиони долари оштета на Apple

Поротата ја зголеми сумата која Samsung треба да ја исплати поради нарушување на авторските права на Apple на дополнителни 290 милиони долари за предизвикана штета, јави All Things Digital. Оваа казна доаѓа како надополнување на казната која му беше изречена на Samsung oд 1,049 милијарди дилари, која подоцна беше намалена од Судијата Луси Кох на 600 милиони долари. Со ова отштетата која треба да ја исплати Samsung е речиси 900 милиони.

Samsung и Apple се одлучија да не ја обжалат висината на отштетата, иако Apple бараше 380 милиони, Samsung беше подготвен да исплати 52 милиони долари. Според експертите ваквото брзо сложување со изречената казна може да знали дека процесот ќе продолжи со жалба и се очекува уште денес Samsung да вложи жалба.

Според портпаролите на двете компании, „За Apple овој процес е многу повеќе за иновацијата и макотрпната работа која е вложена за креирање на продуктите кои луѓето ги сакаат отколку за патенти и пари“. Samsung пак е „разочаран од одлуката која е донесена врз основа на патент кој е прогласен за невалиден.“. Тешко е да се претпостави во која насока ќе отиде следното судење, но изгледа извесно дека Samsung и Apple уште долго време ќе се среќаваат во судовите.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top