0 коментари 2 мин. читање 14 ноември, 2013

Smart Wheel е паметно тркало кое ги претвара велосипедите во електрични мопеди

Smart Wheel од FlyKly Bikes е тркало кое едноставно може да се постави на речиси сите велосипеди. Поставувањето на тркалото веднаш ќе го претвори велосипедот во електричен паметен велосипед кој може да се вози со брзина од 32 до 48 километри на час, а батеријата се полни додека возите по надолнина или забавувате, јавува Huffington Post. Покрај ова може да се полни и на обичен штекер при што велосипедот е полн за два до три часа.

Велосипедот се интегрира со паметни телефони, кој се поставуваат на воланот на велосипедот, а апликацијата може да ги надгледува брзината, далечината, времетраењето на возењето, локацијата и рутата. Засега цената на Smart Wheel e непозната, но поддржувачите на Kickstarter проектот можат да го добијат тркалото за 590 долари. Веќе е извесно дека проектот ќе биде успешен откако FlyKly добија 460.000 долари од подржувачите, а за проектот им беа потребни само 100.000 долари.

„Сакаме да направиме градовите да бидат подобри за живот, и да ги направиме попријатни за луѓето, а не за возење на автомобили.“, вели основачот на FlyKly Bikes, Нико Клансек.

[youtube]_X4rZhOEHT0[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top