0 коментари 3 мин. читање 24 октомври, 2013

Дали ме прислушувaш? Германската канцеларка Ангела Меркел се соочи со Обама

Американските власти „со години“ го прислушувале телефонот на германската канцеларка Ангела Меркел, пишува Der Spiegel. Извештајот вели дека германските власти собрале доволно информации за да се соочат со американските колеги. Националната агенција за безбедност на САД, NSA, е вмешана во скандали за прислушување на онлајн сервисите и интернационалните организации, откако поранешниот аналитичар на CIA, Eдвард Сноуден, достави до весниците доверливи документи од NSA кои ги опушуваат стратегиите за прислушување, наменети за обука на идни аналитичари.

Изреволтирана од истражување на германскиот весник, г-ѓа. Меркел, која на изборите пред месец дена стана канцеларка трети пат по ред, во телефонски разговор побара објаснување за шпионирањето од американскиот претседател Барак Обама, кое тој го негираше велејќи дека „Белата куќа не ги следи ниту ќе ги следи комуникациите на канцеларката“.

Според Guardian, канцеларката, чиј телефон има посебен чип за енкрипција за да спречи прислушување, побарала од г. Обама да ги достави детални информации до каде одело прислушувањето, и со остар глас му наредила „да престане со таа пракса, која ако се докаже дека е точна, ќе биде сериозно нарушување на довербата. Таквата пракса треба да престане веднаш“. Револтот од прислушувањето на г-ѓа. Меркел е поголем бидејќи израснала во тогашната затворена Источна Германија, пред срушување на Берлинскиот ѕид.

Соочувањето помеѓу германските и американските власти доаѓа само неколку дена откако францускиот претседател Франсоа Холанд ги обвини САД дека ги прислушувале разговорите и SMS пораките на милиони француски граѓани. Г-дин. Холанд, кој исто се соочи со американскиот претседател по телефон, најави дека на ЕУ самитот во Брисол кој започнува во четврток ќе стави приоритет на дискусијата за американското шпионирање. Неодамна, и бразилската претседателка Дилма Роусеф одби да се сретне со Барак Обама бидејќи е лута што NSA го следи бразилскиот интернет.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top