0 коментари 2 мин. читање 22 октомври, 2013

Apple ги претстави „најтенкиот“ iPad Air и помалиот iPad Mini со Retina; цените започнуваат од 400 долари

Од ноември ќе може да се купи iPad Mini со Retina дисплеј и нов, потенок iPad Аir. Сепак помалиот 7,9-инчен таблет компјутер го привлече вниманието со својот екран со 2048×1536 резолуција, како и поголемата верзија. Според Apple, Retina-та за iPad Mini била една од најбараните опции од корисниците, што е и не е за изненадување бидејќи Apple ја има технологијата, прашање на време (и маркетинг) е кога ќе беше имплементирана на помалиот таблет. Тоа што фали е можеби TouchID сензорот за отклучување на уредот со отпечаток од прст, кој во моментов е достапен само за iPhone 5S.

Новина е и што новите таблет компјутери, и iPad Mini и iPad Air, ќе работат на 64-битниот А7 процесор, кој го има само уште iPhone 5S. Според Apple, овој процесор е во класата на десктоп процесори, и иако тоа е малку маркетинг претерување, сепак нема сомнение дека е моќен.

iPad Mini со Retina ќе чини од 400 долари за 16 GB верзија до 700 долари за верзија со 128 GB и WiFi. Поголемиот 9,7-инчен iPаd Аir за кој Apple вели дека е најлесниот таблет компјутер, ќе чини од 500 до 930 долари.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top