Недостатокот на чипови е проблем за сите индустрии

Недостатокот од чипови за кој придонесе Ковид-19 пандемијата продолжува да биде сериозен проблем. Покрај ИТ-секторот, проблеми се појавуваат и во дел од секторите на кои не помислуваме кога зборуваме за недостаток на чипови.

Автомобилската индустрија во САД го намали или запре производството на возила поради недостатокот на чипови. Ова намалувањето на производството на автомобили би можело да достигне и 50 отсто. Проблемот е толку голем што производителите побарале од властите да ги искористат надлежностите кои им ги дава закон од 1950 година и да ги принудат компаниите да произведуваат материјали за зачувување на националната безбедност, пренесе Reuters.

Ова ќе овозможи пренасочување на дел од чиповите од останатите индустрии во автомобилската индустрија. Дел од официјалните претставници не сметаат дека доаѓањето до чипови овој начин ќе биде остварливо. Давање на предност на една индустрија дополнително ќе ја намали достапноста за сите останати. Недостатокот на чипови покрај производителите на компјутери ги погодува и производителите на медицинска опрема.

Намаленото производство и достава ќе продолжи во следните 6 месеци. Производителите работат на изградба и приспособување на нови капацитети, но вистинските резултати од овие инвестиции ќе бидат видливи по 12 до 18 месеци. Побарувачката на чипови во моментов е 25 отсто поголема отколку што беа првичните очекувања.

Најголем дел од производните капацитети за чипови и полупроводници, дури 75 отсто, се лоцирани во Азија. Јужнокорејската компанија Samsung и тајванскиот производител TSMC се најголеми производители на чипови. Пандемијата и политиката на Кина кон Тајван придонесуваат дел од западните држави да започнат да размислуваат за инвестирање во локални капацитети.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments