0 коментари 2 мин. читање 28 април, 2021

AMD со рекордна заработка во првото тримесечје на 2021

Во првото тримесечје на 2021 AMD заработи 3,45 милијарди долари. Ова е рекордна заработка во едно тримесечје и претставува 93 отсто пораст во однос на истиот период минатата година. Најголем дел од заработката доаѓа од чиповите кои се користат во податочните центри и персоналните компјутери.

Рекордот на AMD доаѓа во период во кој пандемијата влијаеше на производството и на дистрибуцијата на хардвер. Сепак и покрај недостатокот на процесори и графички картички AMD успева да па продаде речиси сè што ќе произведе.

Од пазарот на процесори за десктоп компјутери и графички картички AMD успеа да заработи 2,1 милијарди долари. Ова е пораст од 26 отсто во однос на истиот период лани. Enterprise, Embedded, и Semi-Custom групата, во кои е хардверот за сервери, но и за гејминг конзоли во овој период забележа пораст на заработката од 286% или 1,25 милијарди долари.

По импресивните резултати во ова тримесечје AMD го коригираше своето предвидување за раст за оваа година од 37% на 50%. Очекувано вестите за надминувањето на предвидувањата се одразија и на берзата па акциите на AMD пораснаа 4%.

Тагови
Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top