0 коментари 1 мин. читање

Куче робот води слепи луѓе низ тесни простори и успешно избегнува препреки

Научниците од универзитетот од Калифорнија успеаја да дизајнираат куче робот чија примарна цел е да води слепи луѓе.

Кучете се одликува со ласерски скенер кој создава прецизна мапа од препреките и тесните простори кои се во непосредна близина. За остварување на таквата цел помага и ротирачката камерата која ја носи слепото лице. Видеото кое ќе го погледнете подолу го прикажува роботот-куче како успешно води две слепи лица низ препреки и тесни простори.

Како што објаснуваат во видеото, на роботот дефинитивно фали топлината која зрачи од вистински кучиња, но, од друга страна нивното тренирање знае да биде долго и скапо, а во многу земји се чека и по неколку години за да се добие куче.

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Мени
Заедница
Изглед
To top