0 коментари 1 мин. читање

Пиратеријата постои бидејќи нема од каде да се гледаат филмовите легално

Најпиратираните филмови се тие кои фановите не можеле да ги најдат легално на друго место, вели PiracyData.org. Сајтот ги презентира најпиратираните филмови според статистика од TorrentFreak и прикажува дали се достапни за стримање, дигитално изнајмување или дигитално купување.

Иако 6 од 10-те најпопуларни филмови се достапни да се купат онлајн, само Lone Ranger, After Earth и This is the End се достапни да се изнајмат дигитално, а ниту еден не е достапен за стримање. Тоа што е чудно е што изнајмувањето филмови беше одличен бизнис кој функционираше со години. Луѓето земаа и враќаа филмови од видеотеките, но до сега ниту еден дистрибутор не успеа да го пренесе тој бизнис на Вебот. Проблемот со купување на филмови е што некои од нив, како Monsters University, се достапни на iTunes за 20 долари, што е висока цена за филм кој ќе го погледнете еднаш или два пати. Според сајтот, во последните три недели само 53 отсто од најпиратираните филмови биле достапни за легално гледање.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top